#SustainableStoryMk // Fashion Weekend Skopje

By Fashion Revolution

6 years ago

Скопје (03.11.2018) Вториот ден од Моден викенд Скопје започна со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainablestorymk , вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“.

На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева
Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Гостинките кои долго време работат на одржлива мода, на младите дизајнери им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство. На модниот перформанс манекенките ги носеа чевлите од “Schuster“.

 

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со несебичната поддршка од Македонско Модно
Здружение, Министерството за економија на РМ, Министерството за култура на РМ , Британскиот совет како
и партнерите „Текстилното трговско здружение- Текстилен кластер –Македонија“ во соработка со
фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“ и „Istkomerc Sanda“, „Monika“ и „Fjer“. Активно учество и
поддршка дадоа и граѓанската мрежа „АјдеМакедонија!“, “Екотип” како и Академијата за моден дизајн
„Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“.

Фотографии и обработка: Ана Јакимовска